2win800x200

Почина Вања Ѓоргиевски-Американецо

Јануари 21, 2021

На 58-годишна возраст почина битолчанецот Вања Ѓоргиевски -Американецо, познат како менаџер за филмски локации во Битолско и поширокиот регион.

Тој беше логистика во Битола за повеќе филмови и серии што се снимаа во изминатиот период. Последен проект во кој учествуваше како менаџер за локации му беше ,,Сирена во Париз" со Роси де Палма како главен  лик,  што се снимаше во Битолската болница. Ѓоргиевски исто така, соработуваше и со филмаџии од турските серии кои се снимаа во Битола, меѓу кои и познатата ,,Збогум Румелија", беше дел и од логистичката екипа на ,,Трето полувреме" во однос на одредени локации на кои се снимаше во Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани