2win800x200

Преставничката на УНИЦЕФ ги поддржува реформите во образованието

Јануари 26, 2021

 

Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, во изјава по повод Меѓународниот ден на образованието дава поддршка на образовните реформи коишто ги спроведува Министерството за образование и наука. Понудената концепција за основно образование од МОН ги содржи сите клучни сегменти кои треба да се постигнат со реформата, а на кои потсетува УНИЦЕФ по повод Меѓународниот ден на образованието.

Според Патриција Ди Џовани образовниот систем, на чело со наставниците, треба да им помогне на учениците да стекнат знаење, притоа оспособувајќи ги да го користат
знаењето, да развијат социјални и емоционални вештини, умешност за критичко и креативно мислење, самодисциплина, љубопитност и чувство на припадност и цел. За
потсетување во главниот фокус на новата концепција за основно образование се токму инклузивниста и поттикнувањето на полниот потенцијал на секое дете преку критичко
и креативно мислење.

“УНИЦЕФ ги повикува сите чинители да останат посветени на реформите во образовниот систем базирани на докази, при што учениците да бидат во центарот на промените. Сега е време да се зајакне соработката и националната солидарност, а образованието да биде фокус на обновување и трансформација во насока на поквалитетна настава и учење за сите деца и млади за време на пандемијата на КОВИД-19 и потоа, во фазите на закрепнување. Време е да се инвестира во подобар образовен систем со цел образованието да стане средство за негување социјална правда, мир, почитување на различноста, човековите права и демократските вредности”, вели Ди Џовани.

Претставничката на УНИЦЕФ посочува дека во моментов, земјата е во процес на реформа на образованието со која треба да има поголемо вложување во професионалниот развој на наставниците во и вон училиштето, со цел наставниците да добијат пристап до можности за учење и можности да напредуваат во кариерата. 
“Потоа, треба да се зголеми времето што учениците го поминуваат во основно училиште. Да се обезбедат услови за целосно вклучување на учениците со попреченост во редовниот образовен систем во согласност со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и да се зајакнат критериумите за избор на кандидати за идни наставници на наставничките факултети”, вели Ди Џовани.

https://nezavisen.mk/prestavnichkata-na-unicef-gi-podrzhuva-reformite-vo-obrazovanieto/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани