2win800x200

Отворен ден за граѓанско образование-ООУ „Гоце Делчев“ Битола нижи успешни проекти

Јануари 26, 2021

 

Во ООУ„Гоце Делчев“-Битола се реализира Отворен ден за граѓанско образование.

- Оваа активност е дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД) со цел за развивање и зајакнување на граѓанските компетенции на учениците, вели директорката на ООУ „Гоце Делчев“, Билјана Стојковска .

 

 

Одржани отворени денови за граѓанско образование

 
Основните училишта, и покрај новиот начин на работа на далечина, и оваа учебна година реализираат отворени денови за граѓанско образование каде се презентираат ученички иницијативи. Активностите се спроведуваат на далечина или преку хибриден модел кој комбинира дигитални активности на далечина и активности со физичко присуство. На тој начин се зајакнуваат граѓанските компетенции на учениците. Во периодот ноември – декември 2020 година, одржани беа неколку отворени денови за граѓанско образование.
Во основното училиште „Гоце Делчев“ во Битола, одбележувањето на отворениот ден за граѓанско образование беше посветено на Меѓународниот ден на детските права. Ученици од различни одделенија учествуваа во многу интересни активности и со физичко присуство и на далечина. Тие одржаа онлајн седница на Ученичкиот парламент и квиз на тема „Правата на децата“. Беше организирана онлајн изложба на тема „Имам право да го искажам моето мислење“ на која ги презентираа своите ликовни изработки. А присуствуваа и на онлајн средношколско предавање против врсничко насилство и на свечена седница на ученичкиот парламент на гимназијата „Јосип Броз Тито“. Со запазување на сите протоколи за заштита, учениците заедно играа спортски активности.

Goce Delcev 2 1024x484

За активноста повеќе може да прочитате на следниот линкhttp://mk.mcgo.org.mk/vesti/%d0%be%d0%b4%d1%80%d0%b6%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%93%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%be/?fbclid=IwAR3XTT8ZXkIxqVWRcY8tjwSy4kHOmgwJb-tEMhLkamFZjowI9kVBV4aqVws

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани