Средното Техничкото училиште „Ѓорги Наумов“ Битола доби гранд за Унапредување на мултикулурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта во државата.
-Според резултатите од јавниот повик за доделување на средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикулурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта за учебната 2020/2021 година, нашето училиште го освои одличното трето место со освоени 74 поени. На тој начин е добиен грант со кој во наредниот период ќе се реализираат конкретни активности со партнерското училиште ССОУ „Моша Пијаде“ од Тетово.
Основната цел на овие грантови е промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите и притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество, со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент, објавија од техничкото училиште во Битола.