Ски центар Ниже Поле денеска беше вистинско место за игра и уживање на дечињата од ЈОУДГ „Мајски цвет“ Битола. -Денес денот го поминавме на над 1300м н.в. на Ски центарот "Ниже Поле". Мајските цветчиња среќни и радосни на Баба Планина,а планината е прекрасна со нив. Благодарност до вработените на Ски центарот Ниже Поле за топлото планинско чајче, пишуваат од градинката.