АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градежен работник се повредил додека работел на изведба на објект.
Во СВР Битола од доктор од Итна медицинска помош Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола бил пренесен повреден Д.К.(27) од Скопје, при што по сведочење на З.К.(34), Д.К. паднал од скеле додека извршувал работни задачи на објект во фаза на изградба во Битола.
Во Клиничка болница Битола од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен јавен обвинител и трудов инспектор. Извршен е увид.