2win800x200

Од утре почнува запишувањето на вакцинација

Февруари 09, 2021

 

Од утре се пушта сајтот за пријавување за вакцинација, најави денеска министерот Венко Филипче по обиколката на поликлиниката Бит Пазар каде се сместени фрижидерите планирани за складирање на вакцините на кинески „Синофарм“ кои веќе се порачани и се очекуваат да пристигнат со авионски транспорт до крајот на месецот.

-Ќе може да се пријави буквално секој за вакцинација, а системот автоматски ќе ги генерира приоритетните, рече Филипче.

Министерот не најави заострување на мерките затоа што бројките на новозаразени не се толку алармантни, но се следи британскиот сој на коронавирусот кој од минатиот месец е присутен и во Македонија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани