2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Горан Јосифовски, познат музичар е битолчанецот кој загина рано утрово во тешка сообраќајка

Февруари 17, 2021

36 годишниот Горан Јосифовски, познат музичар, поранешен член на групата "Екстра бенд" е битолчанецот кој рано утрово загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Битола Прилеп.

Неговите колеги музичари се простуваат од него на социјалните мрежи

" Денес во тешка сообракајна незгода почина познатиот тапанар од Битола Горан Јосифовски. Горан повеќе години беше член на битолската група Екстра бенд, пред две години ја напушти и реши да и се посвети на фамилијата. Горан беше оженет и има две дечиња", пишуваат колегите.

Како што соопшти полицијата, на 17.02.2021 околу 05.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола- Прилеп, патничко возило„комбе“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(36) од Битола, излетало од патот. Од здобиените повреди возачот починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во координација со Јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани