2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден почина Лазо Хаџи Поповски, учесник во НОБ

Февруари 27, 2021

На 27 февруари 1999 година почина Лазо Хаџи Поповски, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење во Вардарскиот дел на Македонија, учесник во Антифашистичката војна, чевларски работник.

Роден е на 17 март 1917 г. во Битола. Вклучен во прогресивното работничко движење во Битола од пред Втората светска војна, а по 1938 г. особено активен, кога е и секретар на Чевларската секција на УРС (Удружени раднички синдикати, всушност прокомунистичките синдикати во кралска Југославија).

Од крајот на 1940 г. член на КПЈ. Од 1941 г. член на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Еден од организаторите на Илинденската демонстрација во Битола во 1941 г. кога ги изработува транспарентите кои беа носени низ битолските улици.

Од есента 1941 г. одговорен за техниката и илегалците. Во почетокот на 1942 г. член на Окружниот комитет на КПЈ за Битола, а заради искомпромитираност во врска со убиството на полицискиот началник  Ќурчиев, по 15 април 1942 г. испратен на партиска работа во Прилеп, во Егејскиот дел на Македонија за поврзување со КПГ и во Скопје и Куманово.

Подоцна е назначен за заменик политкомесар на ПО „Даме Груев“ и заменик политкомесар на Втората оперативна зона на ГШ на НОВ и ПОМ. Во 1943 г. испратен на партиска работа во Егејскиот дел на Македонија, а потоа во Битола.

По војната на разни општествени и политички раководни должности.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани