Влогот во развој и унапредување на инфраструктурата е влог во услови за подобар живот во секое наше населено место и во оваа насока продолжуваме.
И во услови на пандемија градиме по план современа инфраструктура. Во изминатите 3 и пол години континуирано работиме на подобрување патната инфраструктура. Дадениот збор пред граѓаните станува реалност.Работиме посветено, одговорно и во дослух со граѓаните.
Во изминатите 3 и пол години благодарение на централната власт преку соработката со ЈП за државни патишта на РСМ, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Бирото за Рамномерен Регионален развој решени се децениски проблеми преку асфалтирање на регионални и локални патишта.
Асфалтирани се над 6700м локални улици од кои 1200м со бехатон плочки. Асфалтирани се 12 км регионални патишта и околу 4 км локални патишта.
Од Буџетот на општина Новаци за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во период од 2018 – 2020 година издвоени се околу 21 милион денари. Додека пак во Буџетот за 2021 година предвидени се 15 милиони денари за изградба на полски и локални патишта од кои 9 милиони денари за полски патишта и 6 милиони денари за локални патишта.
Во соработка со ЈП за Државни патишта на РСМ асфалтиран е регионалниот пат (Рапеш-Старавина) во должина од 9 км со вкупна вредност од 36.000.000 денари. Со ова го решивме деценискиот проблем на жителите од Мариовскиот крај. После 50 години жителите од овој регион добија асфалтиран пат.
Во соработка со ЈП за Државни патишта на РСМ асфалтиран е регионалниот пат Скочивир до Излетничкото место на река Коњарка во должина од 3км и вредност од околу 12.000.000 денари.
Со 61.000.000 милион денари од Буџетот на ЈП за Државни патишта извршена е целосна рехабилитација на регионалниот пат Р1311 ( Битола – Новаци – Рек Битола), во должина од 12 км.
Преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој асфалтиран е локалниот пат до населено место с.Тепавци во должина од 3 км и вкупна вредност од -18.901.948 денари.
Асфалтиран е и локаленниот пат Р511-Крстосница с.Старавина – с.Будимерци до манастир Св.Атанас с.Старавина во должина од 811,65 метри со вкупна вредност од 4.601.062 денари.
Преку Бирото за Рамномерен Регионален развој искористени се околу 5 милиони денари во изградба на улици во с.Градешница со бехатон плочки со вкупна должина од 1200 метри.
Градиме по план низ целата општина. Капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика, посветено ја градиме нашата општина по европски пример.
Завршен е инфраструктурниот проект “Реконструкција на локална улица во с.Новаци” како дел од комплетно изработената проектна документација која општина Новаци на претходна апликација ја доби од Министерството за финансии во рамки на проектот – “Подобрување на општинските услуги (МСИП)”, финансирана од Светска банка. Со асфалтирање опфатена е улица во должина од 505 метри со два краци и ширина од 4 метри а за нејзината реконструкција од буџетот на општина Новаци се издвоени 3.052.314 денари.
Го реконструиравме регионалниот пат Бач-Гермијан-Меџитлија во должина од 4 км. Вредноста на оваа капитална инвестиција е 11 милиони денари, а средставата се обезбедени од Влада на Република Северна Македонија преку Јавното претпријатие за државни патишта.
Изградивме брана за наводнување во село Добромири и село Новаци со вкупна вредност од 1.250.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Новаци.
Општина Новаци во соработка со Центарот за развој на пелагонискиот плански регион преку Министерството за локална самоуправа и Светска Банка го финишира проектот "Уредување на Порој во с. Гермијан " во должина од 1500м. Претходно со фаза 1 преку Грант од Светска Банка и со средства во висина од 16.557.000 денари се изврши уредување на коритото во должина од 900м. Со втората фаза преку Проектот - "Заштита на животната средина во пелагонискиот регион преку инфраструктурни интервенции за уредување на речен порој во с. Гермијан" со средства во висина од 6.850.000 денари од кои од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион преку Министерството за локална самоуправа обезбедени се 6.100.000 денари а остатокот од Буџет на општина Новаци беа уредени 300м.
Општина Новаци е подготвена со веќе спремни проекти да аплицира за обезбедување на средства од домашни и странски фондови и програми со цел нивна имплементација.
Во склоп на проектот за подобрување на општинските услуги МСИП и Министерството за финансии изработена е проектна документација за реконструкција на две локални улици со краци во с. Новаци и една локална улица со краци во с. Гермијан со вкупна должина од 2.1 км.
Во министерството за транспорт и врски аплициравме со три основни проекти за изградба на 3 локални патишта со предвидена реализација во три фази.
Изградба на локален пат од раскрсница Старавина до с. Будимерци – фаза1 и фаза 2 и Изградба на локален пат Гнеотино спрема Брод.
Со изработката на комплетната проектна документација за изградба на две локални улици во с. Градешница со бехатон плочи и локален пат до Манастир Св.Илија создадени се основните предуслови за реализација на овие проекти кои се од интерес на граѓаните од с. Градешница.
Во тек е подготовка на проектна документација за изградба на пешачка патека со осветлување до Камениот мост во с.Зовиќ како и улица во с. Зовиќ во должина од 400 м.
Изработена е проектна документација за изградба на тротоари во с. Далбеговци во должина од 500м.
Исто така изработена е проектна документација за изградба на атмосферска канализација во селата Долно Агларци и Горно Агларци со вкупна должина од 650м.
За селото Долно Агларци исто така подготвена е проектна документација за изградба на тротоари во должина од 350м.
Изработена е проектна документација за изградба на 4 пречистителни станици во селата Бач, Добромири, Гермијан и Новаци.
Едно од ветувањата во нашата изборна програма беше изградба на отворен базен за што во тек е изработката на проектна документација за изградба на отворен базен во село Новаци.
Дадениот збор пред граѓаните станува реалност. Како локална самоуправа се трудиме во секое населено место да ја подобриме урбаната слика и во тоа успеваме, затоа што градиме по план и приоритет за поквалитетен живот на граѓаните.
Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво,градиме за секое населено место да е подобро поврзано со останатите, градиме за да обезбедиме силен локален економски развој.
Инвестираме во индината и во самоодржливоста. Инвестираме во се она штое важно за граѓаните и државата.