АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
150 лица ќе с еобучуваат да се грижат за лицата со попреченост и за оние со хронични болести, за што ќе добиваат месечен надоместок од 500 евра. Ова е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување.
- Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување кој за оваа 2021 е димензиониран на 1,5 милијарда денари, односно околу 24,5 милиони евра. Со овој Оперативен план ќе бидат опфатени 10.279 лица. Една од главните цели на Оперативниот план е различни ранливи категории на невработени лица, млади лица, жени, лица со попреченост, лица кои ја загубиле работата поради корона кризата, побрзо и полесно да пристапат на пазарот на трудот и да добијат вработување. Истовремено, преку мерката „Економија на грижа“, односно преку Обука и вработување на лица за услуги на грижа во заедницата за лица со попреченост и лица со хронична болест, се обезбедува обука за невработени лица за стекнување стручни квалификации и вештини. Со оваа мерка опфатени се 150 лица кои во следните 10 месеци ќе обезбедуваат грижа за лицата со попреченост и за лицата со хронични болести и за тоа ќе добиваат месечен надоместок од 30.780 денари. Невработените лица и работодавачите веќе можат да аплицираат за програмите и мерките за вработување за кои веќе се објавени јавните огласи, односно за програмата Самовработување, мерката Субвенционирање на плати, програмата Практиканство, мерката Обука на работно место за познат работодавач и програмата Јавни Работи, рече Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеник во Собранието од СДСМ
Ги повика сите кои ги исполнуваат критериумите, да се пријават и да бидат опфатени со некоја од мерките и програмите од Оперативниот план.