АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утре 02.04.2021 година (петок) со почеток во 11:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ќе присуствува на официјално пуштање во употреба на новиот 400/110 киловолтен трансформатор во трансформаторска станица „Битола 2”. Премиерот Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани, ќе дадат изјави за медиумите за важноста на овој капитален проект во функција на подобрување на електроенергетската инфраструктура во земјата. Инвестицијата изнесува 2,4 милиони евра, сопствени средства на АД МЕПСО.