Битиќи најави помош за затворените угостителски објекти

Април 07, 2021

Оние економски оператори кои овие две недели ќе бидат затворени ќе бидат опфатени со нови мерки, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи

-Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе пресрет, напиша Битиќи на својот ФБ профил.

 
Како и во вонредната состојба оние угостителски објекти кои вршат достава можат да продолжат истото да го прават и по полицискиот час,  со соодветни дозволи за движење. Дополнително, во текот на денот можат да продаваат храна и пијалоци од шалтер (take away  или to go) без послужување во самите локали, вели Битиќи
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани