АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заврши изградбата на водоводна мрежа од пумпната станица на ЈКП „Водовод“ во близина на ул. „Никола Кирил Мајски“ до границите опфатени со генералниот урбанистички план. Со оваа водоводна мрежа ќе се обезбеди квалитетно, континуирано водоснабдување во населбата Св. Атанас, за сите жители во повисоките делови од овој дел над Брусничката населба, под селото Брусник.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, заедно со екипите задолжени за реализација на проектот, извршија увид во тековните активности.
Во исто време, Општина Битола е во завршна фаза на изработка на проектната документација за продолжување на оваа водоводна линија до селото Брусник, во должина од околу 1 километар.
Со доизградбата на новата водоводна линија до селото Брусник, Општина Битола ќе обезбеди водоводно снабдување на сите субјекти, лоцирани од двете страни на локалниот пат до селото.