АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полицијата утрово го приведе поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Заедно со Рашковски е приведен и Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп”.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција.Се очекува Рашковски и Станчев да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд – Скопје.Со наредбата за истрага се опфатени вкупно четири лица. За другите двајца обвинителството предлага други мерки на обезбедување.
Рашковски во средата објави дека се повлекува од функцијата во кабинетот на премиерот Зоран Заев, а оставката ја напишал два дена порано.Според неофицијални информации, се бара притвор за Рашковски.