На денешен ден формиран е битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“

Април 22, 2021

На денешен ден, 22 април 1942 година, во близина на селото Лавци, Битолско, е формиран БИТОЛСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ПЕЛИСТЕР“.

Броеше 19 борци. Набрзо, откако преку шпиони е лоциран од бугарската окупаторска војска и полиција, на 3 мај 1942 година над селото Ореово, Битолско е опкружен и разбиен. Притоа загинаа: народниот херој Елпида Караманди, која всушност, беше тешко ранета, заробена и набрзо свирепо убиена, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Заробени беа: Ѓорѓи Наумов, Кочо Десано и Блаже Димитровски, кои беа одвдени во скопскиот затвор и таму подоцна обесени. Останатите партизани од Одредот успеаа да се спасат и илегално да дејствуваат во Битола..

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани