Трпчевски за недоразбирањето со Општина Битола

Април 23, 2021

„ПЗУ“ Плодност во својство на инвеститор поднесе барање за добивање одобрение за доградба и адаптација пред Општина Битола за објект од втора категорија со намена Б2 , односно здравствена и социјална заштита.

Во текот на самата постапка, минатата година добиено е пропишано мислење и согласност од останатите институции и јавни претпријатија. Извршена е заверка на проектната документација и ни беше издадена пресметка за уредување на градежното земјиште од 19.11.2020. Со неа беше утврдена висината на надоместокот за комуналции. Износот од пресметката го плативме во законскиот рок и доставивме доказ за извршено плаќање со бакнарска гаранција. Беше склучен договор за уредување на градежно земјишпте во Општина Битола.

Наместо градоначалничката да постапи согласно член 59 став 13 од Законот за градење и да овозможи во рок од 5 дена дозвола за градба или да бидеме одбиени, не издаде дозвола, одолговлекуваше два месеца. Чекав два месеца и покрај ургенции по пријатели, нивни вработени, да ми се даде дозвола за градба , одговорот беше дека или некој од администрацијата не е на работа, болен е од ковид, нема кој да го издаде решението.

Бев притиснат од договорот со градежната фирма за плаќање пенали доколку не ги исполнам обврските и навреме не почнам да градам. Од друга страна подигнав и кредит од 3 милиони евра, ме притискаа камати и рати, затоа почнав со предградежна подготовка на земјиштето.

По два месеца наместо да ми достават дозвола градежна , ми доставија обжалителен акт дека пресметката ја згрешиле и дека треба да доплатам уште 112 000 евра.

Дадов жалба до Министерството за транспорт и врски за да ми објаснат зошто е толкава сумната за комуналии. Ја поденесов на 18.01 2021 година. Цели два месеца до 25.03 не добив никаков одговор. Откако видов дека преметот е запоставен, а мене ме притискаа камати и рокови, поднесов барање до општина Битола да ги доплатам комуналиите. Ми одговорија дека треба да ја повлечам жалбата, за да ги уплатам средствата за да ја добијам градежната дозвола.

Следниот ден ја повлеков жалбата и повторно побарав да ми достават преметка да ги платам комунлаиите, но договор не добив, рече сопствениот на „Плодност“, Таше Трпчевски.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани