АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На општинска Конференција на ОО СДСМ Битола која беше организирана онлајн на платформата zoom, беа избрани членовите на ЦО и НО од битолската организација на СДСМ за претстојниот дваесет и шести Конгрес на СДСМ.
-Кандидатите за членови на ЦО и НО на СДСМ беа предлагани од месните одбори. Од оние кои ги исполнуваа условите Согласно Статутот и Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членови на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ, делегатите на ОО СДСМ избраа 8 членови за ЦО на СДСМ и 2 ченови на НО, притоа запазувајќи ја родовата еднаквост како и застапеноста на младите социјалдемократи во сите партиски тела. За членови на ЦО: Емилија Костурски, Елизабета Наумоска, Весна Спиркоска, Сашо Додовски, Васко Ковачевски, Зоран Дојчиновски, Васко Колевски и Рула Чаламани. За членови на НО: Васко Талевски и Виолета Џима. Им посакуваме успешна работа и да бидат добри репрезенти на Битола, вели Невена Димовска портпарол на СДСМ.