2win800x200

Велики петок е најтажниот христијански празник

Април 30, 2021

 

Велики петок, кој оваа година се паѓа на 30 април, се смета за најтажниот ден во христијанството. На овој ден не се служи литургија во црквите, освен доколку се поклопи со Евангелијата.

Од Велики четврток до Велигден не чукаат камбаните во црквите, бидејќи во православието тие се знак за радост. Велики петок е ден на жалост, но и вовед и подготовка за најголемиот и најрадосниот празник - Велигден.

Велики петок се празнува строго и се поминува во голем пост, без риба и масло, дури е пожелно и да не се јаде ништо. Строго е забрането да се пие вино.

Тој ден не се слуша музика и не се пали оган. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани