2win800x200

Ивановска-Успешно реализирана имунизацијата во Старскиот дом „Сју Рајдер“

Мај 05, 2021

 

Успешно ја споведовме имунизацијата во старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола, каде 100 наши штитеници вчера  ја примија вакцината „Синофарм“, вели за Апла.мк директорката на Старскиот дом Јулија Ивановска.

Според Ивановска од 125 штитеници во домот, 100 од нив во согласност со нивните семејства потпишале согласност за вакцинирање, па утрово стручен тим од Здравствениот дом во Битола ја споведе имунизацијата во самиот старски дом, по строго одредни протоколи.

-Штитениците засега одлично се чувствуваат и се задоволни од целокупниот процес, зошто и самите сметаат дека само имунизацијата е вистинскиот чекор кон справување со опасниот вирус и пандемијата. Оние штитеници кои одбија вакцинација беше по нивна волја. Во нашиот дом успешно се справуваме со вирусот, иако на почеток имавме изолирани случаи. Вложуваме големи напори да се зачува здравјето на нашите штитеници, и секако нашите вработени кои се вакцинираа во текот на изминатиот месец, вели Ивановска. 

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани