АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во близина на Инфо центарот се одржа показна теренска вежба која Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ја реализира во рамките на проектот: Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор” - J-CROSS, финансиски поддржан од Програмата за прекугранична соработка INTERREG – IPA CBC 2014-2020
Главната цел на проектот е подобрување на заштитата на населението од елементарни природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор. Теренската вежба се однесуваше на свлечишта и се состоеше од демонстрација на извлеквање на жртви при лизгање на земјиште. Нејзиното одржување беше за подигнување на свеста на релевантните чинители и населението од двата прекугранични региони за значењето на мерките за заштита од прирдони непогоди и непогоди предизвикани од човечки фактор, како и зголемување на готовноста за реагирање на населението и релевантните чинители при вакви или слични случаеви на итност.
Сценариото беше развиено во согласност со спецификациите и целите детерминирани во проектот и истото ги опфати сите потребни елементи кои ја одсликуваат реалната ситуација на една ваква природна непогода односто лизгање на земјиште како и сите потребни мерки кои би се презеле во таков случај.
Изведувач на вежбата беше „Пегаз Еду„ а нејзината организација и реализација беше во целосна координација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
Проектот Ј-CROSS e само уште една активност и заложба на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за унапредување на регионалниот развој и зајакнување на капацитетите на регионот за овој тип на заштита на населението и заштита од непогоди.