2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Инженерски прстен доделен на дипломец од Техничкиот факултет - Битола

Јуни 30, 2021

На најдобрo дипломираните студенти на инженерските факултети, на 28 јуни 2021 година, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски им го додели признанието Инженерски прстен.

Меѓу 12-те добитници на ова високо признание е дипломираната студентка од Техничкиот факултет – Битола, Марија Наумоска, која своето образование го заврши со просечна оценка 9,95.

Настанот се одржа во Кабинетот на Претседателот Пендаровски, кој воедно е покровител на оваа манифестација што се одржа по 18 пат, во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и инженери.

Доделувањето Инженерски прстен освен признание за најдобро дипломираните студенти од инженерските факултети претставува и своевиден поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани