2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Почна кампањата за борба против хепатитот- И во Македонија зголемен број на лица со канцер на црн дроб

Јули 27, 2021

Црнодробниот карцином бележи пораст во Македонија, а токму тој според светската статистика се искачи на трето место по смртноста предизвикана кај пациенти со малигните заболувања. Хепатоцелуларниот карцином дури во 60 проценти од случаите е предизвикан од хепатити Б и Ц. Загрижувачките податоци за ширењето на оваа болест беа презентирани од страна на „Хепар центарот„ од Битола кои денес заедно со други партнери ја започнаа едномесечната кампања по повод Светскиот ден за борба против хепатитот.

„Најновите податоци покажуваат драстично зголемување во 2020 година во светски рамки , а тоа е дека имаме 300 000 нови случаи со хепатити од кои најмногу во Средна и Источна Европа. И ние влегуваме во таа група како земја, но се̍ уште немаме официјална бројка за 2020 година на заболени со хепатит во Македонија. Но, бројките пред 2020-та беа дека некаде околу 20 000 луѓе имаат хрониочен хепатит Б и Ц во земјава. Бројките стануваат сезиони, од една маргинализирана болест станува многу сериозна и опасна по животот на голем број пациенти во Европа“, рече Милан Мишковиќ од „Хепар центарот“ од Битола.

Хепатитите, дебелината и алкохолот спаѓаат во таканаречената фамозна тројка на фактори предизвикувачи на црнодробниот канцер. Се семта дека порастот во некои земји на заболените се должи на тоа што црнодробните заболувања беа занемарени поради пандемијата. Помалку од 900 000 луѓе во светот починаа во 2020 година од црнодробен канцер.

Во Македонија покрај на Инфективната клиника, најсовремена терапија за третман на хепатити ќе има и во Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје.

„Важно е да се работи на превентивата и на раната детекција , да се даде можност на сите од возрасната популација барем еднаш годишно најмалку да прават контроли од ова заболување. Се преговара со Министерството и Фондот за здравство да се овозможи центар наменет за заштита на црниот дроб. Во октомври се надеваме дека ќе имаме можност голем број граѓани од наташа земја да можат да направат проверка на својата состојба“, рече Мишковиќ.

Одбележувањето на Светскиот ден за борба против хепатитот започна од Битола каде денес се правеа бесплатни тестови за хепатит Б и Ц, ХИВ,брзи антигени тестови и за антитела на ковид-19. за ковид-19 и за антитела.225651547 1415684692165061 7568059923382207701 n

224900319 2626038834208132 3146495873946960336 n

(Денес се спроведоа бесплатни тестирања во Црвениот крст во кои се вклучија членови на организацијата, новинари и други граѓани) 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани