2win800x200

СВР Битола предупредува-се зголемуваат потенцијалните опасности за пожари и во Пелагонискиот регион

Август 04, 2021

Со настапувањето на значително повисоките температури, покрај другото се зголемуваат и потенцијалните опасности за настанување пожари и во Пелагонискиот регион. Ова, дотолку повеќе што на подрачјето има бујна вегетација, зголемена е вкупната раздвиженост и поради тоа неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Секторот за внатрешни работи Битола апелира до граѓаните да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња.

Покрај ова, на оние кои за време на викендите ќе престојуваат на излетничките, односно туристичките места во регионот, им се укажува да се воздржат од  палење огнови, кои многу брзо можат да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и  материјални и други последици од несакани размери.                                                                                                

На граѓаните им се советува, исто така, на отворен простор да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.

СВР Битола потсетува дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

Секторот за внатрешни работи Битола презема координирани превентивни и други мерки, за навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани