АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сигурно, безбедно и спокојно се патува сега до Ниже Поле и Рекреативниот центар Стрежево !
Реконструиран е регионалниот пат во должина од околу 6 километри кој води до Ниже Поле и до ски центарот Стрежево !, изјави денеска
Благојче Цветковски, член на ИО на СДСМ Битола.
-Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија обезбеди во државниот буџет 36 милиони денари за реконструкција на овој регионален пат кој значително ја подобрува врската на Битола со Потпелистерието.
Со реконструкцијата, ширината на патот сега изнесува 6 метри, односно според сите стандарди за оваа категорија патишта и претставува безбедно и функционално патно решение.
Потпелистерските рекреативни и сместувачки капацитети бележат силен напредок во селскиот туризам кој станува се поатрактивен за голем број туристи и тоа е потернцијал кој мора да биде соодветно искористен бидејќи носи придобивки како за месното население, така и за локалната самоуправа и за државата. Основен предуслов за развој е патната инфраструктура заради што инвестициите се насочени токму во тој сегмент, изјави Цветковски
.