Webp.net gifmaker

Младите ја исчистија депонијата кај базенот во Дихово

Септември 16, 2021

Успешно се реализира волонтерска акција за чистење на зеленилото од отпадоци околу базенот во село Дихово, позната рекреативна и излетничка зона на битолчани. Акцијата беше повеќе од неопходна со оглед на количината на расфрлан отпад таму. Во акцијата се вклучија околу 80 граѓани од Битола, претежно млади лица, средношколци од гимназијата „Јосип Броз Тито“ и медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“, граѓански активисти, претставници на локални компании и локалното население од с. Дихово. Резултатот е собрани 65 вреќи со ѓубре кои што во соработка со ЈП Комуналец од Битола веднаш беа отстранети од локацијата и транспортирани.

Волонтерската акција е дел од проектот „Зелен фото глас“ што се реализира од страна на Младинскиот културен центар – Битола во соработка со 15 средношколци од СОМУ „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, сите членови на неформалната група „Мети си со класнето“ под раководство на професорката Марија Магдалена Петковска Микаровска.

„Зелен фото глас“ е иницијатива насочена кон креирање на одржлива локална платформа за мобилизирање на заедницата за чистење на градот од малите диви депонии, за што се потребни заеднички, синхронизирани акции од страна на граѓаните и надлежните институции.

Особен акцент се става на средношколците со кои работиме на еко активизмот и вклучувањето во еколошки кампањи, но целта е и да  се поттикне волонтерскиот дух кај граѓаните со цел ваквите акции да станат многу попорисутни во нашето секојдневие.

„Зелен фото глас“ се реализира со поддршка на Институтот за комуникацииски студии, преку ЕУ фондови.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани