АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Познатиот битолски стопанственик Велчо Петровски-Папал, кој ги изработуваше првите светлечки реклами во Битола и еминентниот композитор Петар Ѓоргиев -Калица се вклучија меѓу урбаните легенди кои се појавија на еден од пунктовите на Фестивалот „Браќа Манаки“ на Широк Сокак. Велат „на црвениот тепих не стапнавме, ама овде седнавме“, сакајќи да укажат дека и покрај намалениот број на гости на отворањето на фестивалот поради протоколите, голем дел од битолчани не може да присуствуваат, но не се откажуваат од фестивалот кој е обележје на нивниот град. Впрочем како што Калица пее: „За Солуна, за Стамбола,Битола не давам“.