2win800x200

Борис Чоревски добитник на наградата за животно дело на Фестивалот „Војдан Чернодрински“

Септември 23, 2021

Доајенот на битолското глумиште, актерот Борис Чоревски, годинава е добитник на наградата за животно дело на 55 -от Мтф ,,Војдан Чернодрински" во Прилеп. Вака одлучи Собранието на Фестивалот кој ќе се одржи од 1 до 8 октомври во Прилеп.

Најзначајниот театарски фестивал кој ги презентира најдобрите остварувања на македонските професионални театри, лани, поради пандемијата, не го одржа јубилејното 55-то издание и одлучено е тоа да се одржи од 1 до 8 октомври според сите протоколи. Веќе е позната и фестивалската програма. Фестивалот на 1 октомври, на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде свечено отворен со доделувањето на наградите за животно дело.

Чоревски е еден од најплодните македонски театарски актери. Досега играл во над 160 театарски ролји. Тој е драмски уметник со изграден и дефиниран творечки потенцијал, студиозност во обликувањето на ликовите, за кои не постојат никакви тајни  во актерската игра. Тој е подеднакво супериорен во настапите во театарот, телевизијата и на филмот. Секое негово  остварување е синоним на голем занает и исклучителен талент. Чоревски е препознатлив по улогите во делата на Горан Стефановски, Петре М. Андреевски, Дејан Дуковски но и светските класици Шекспир, Чехов, Горки. Бројни се наградите кои Борис Чоревски ги има добиено во земјава. 


Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани