2win800x200

Од понеделник измена на режимот на сообраќај на Ул. „Довлеџик“

Септември 24, 2021
Општина Битола ги известува граѓаните дека од понеделник, 27.09.2021 година, ќе има времена измена на режимот на сообраќај при реконструкција со доградба на пропуст на река Курделес, на улицата Довлеџик во Битола. За режимот на сообраќај прибавена е согласност-мислење за користење на режимот на сообраќај од МВР СВР Битола – Одделение за полиција со ев.бр. 22.22.5/4601 од 26.08.2021 година.
Оваа сообраќајна согласност со предвидениот времен режим на сообраќај е со рок на важност од 45 работни денови.
Времената измена на режимот и условите на сообраќај се врши согласно одобрениот Основен сообраќаен проект за времена измена на режимот на сообраќај при реконструкција со доградба на пропуст на река Курделес на ул. Довлеџик со тех. Бр. 176/2021.
Обезбедувањето и регулирањето на сообраќајот ќе се врши согласно сообраќајните решенија дадени во изготвениот и одобрениот Основен сообраќаен проект.
Се известуваат граѓаните да ги користат посочените патни правци како алтернатива додека трае изведбата на терен.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани