АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден 26 септември 1970 година, во Скопје почина Петар (Пецо) БОЖИНОВСКИ-Кочо, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Роден е во Битола на 15 јануари 1920 г. Како работник стана член на СКОЈ, а во 1941 г. и на КПЈ. По фашистичката окупација е член на Воениот комитет при Месниот комитет на КПЈ во Битола и го помагаше функционирањето на партиската техника. На 22 април 1942 г. стана борец во редовите на првиот Битолски партизански одред „Пелистер“. Од 6 јули 1942 г. е борец и интендант во Битолско-преспанскиот партизански одред. Во јули 1942 г. од бугарскиот воен суд, во отсуство, е осуден на смрт. Во септември 1942 г. стана борец во Битолскиот партизански одред „Јане Сандански“. Во 1943 г. е специјален курир на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Во август 1943 г. е заменик политички комесар на чета во Партизанскиот одред „Даме Груев“, а потоа од јуни до октомври 1944 г. и заменик политички комесар на Седмата македонска народноослободителна ударна бригада. Во оружените борби против бугарскиот фашистички окупатор двапати е ранет. Прогласен е за народен херој на Југославија на 2 август 1952 г.
подготвил: д-р Александр Литовски, историчар