АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На состанок на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, со вработени од повеќе подружници во компанијата кои имаат докторски титули од различни области, одредени се конкретни чекори за операционализирање на Центарот за едукација и обука (ЦЕО) на АД ЕСМ. Врвните теориски и практични знаења на нашите кадри ќе бидат употребени за континуирана едукација и надградба на вработените.
Во процесот ќе бидат вклучени вработени во АД ЕСМ кои покрај редовните обврски ќе работат и на едукацијата и обуката, потоа поранешни вработени, односно пензионери од нашата компанија кои своето долгогодишно искуство ќе го пренесат на сегашните и на новите кадри, како и професори од високообразовни институции. Обуките и едукацијата се од исклучително значење особено што се наоѓаме на почеток на спроведување на енергетската трансформација, која побарува преструктурирање и консолидирање на човечките ресурси и потребните вештини.
Скенирањето на сите сектори во компанијата ќе покаже во кои делови има потреба за зајакнување на одредени знаења, без оглед дали се работи за продлабочување од конкретната дејност, или за добивање познавања од други области за поцелисходно извршување на работните задачи, како што е на пример обезбедување основни познавања на инженерскиот кадар за јавните набавки, запознавање на дел од вработените во секторот комерција со основите на производниот процес и техничките побарувања итн.
Потребата од вложување во развој на човечките ресурси е научно докажана, потврдена е практично и е прифатена како една од основните активности во менаџментот на човечките ресурси и деловното работење во развиените земји.