2win800x200

Промовиран краток филм со реални приказни со цел што повеќе Роми да одат во школо

Октомври 06, 2021

Синоќа, во Малата сала на Центарот за култура се одржи промоцијата на краткиот фим „Јас успеав можеш и ти“ како дел од кампањата за подигнување на јавната свест за поголемо вклучување на ромски деца во образованието. Во филмот се изнесени реални приказни пресликани низ зборови кои служат како поттик за новите генерации да направат повеќе.

„Јас сум Денис Арслановски, живеам во Битола. Од моите први школски денови имам сеќавања на дождлива есен и на едни панталони кои имаа дупка над коленцето и нена ми ги соши со црн конец, а богами ги памтам и празните соленки од Жито Битола. Како дете сонував да бидам наставник или доктор. Но, дипломирав на Техничкиот факултет во Битола, сега сум магистрант на студии за менаџмент на човечки ресурси. Паролата "Биди промената што сакаш да ја видиш во светот" веќе долго време ме бодри во повеќе полиња, меѓу другото и како граѓански активист. Иако светот не е лесно место за некој кој доаѓа од маргините, образованието навистина отвара нови можности, како за вработување, така и за зголемување на квалитетот на животот“, вели во филмот Арслановски кој моментално работи на проект од Министерство за труд и социјална политика кој има за цел да ги овозможи социјалните права и до најмаргинализираните Роми.

Наскоро филмот ќе има онлајн премиера и емитување на национална ТВ станица.

Кампањата започна во месец септември со доделување на ранци и школски прибор за сите запишани првачиња во основното училиште “Ѓорѓи Сугарев” од Битола и продолжува со споделување и промовирање на позитивни лични приказни на успешни млади луѓе од ромската заедница кои преку своето делување прават позитивни промени во заедницата.

На почетокот на кампањата бројот на запишина ромски деца во основното училиште “Ѓорѓи Сугарев” беше само 37% од евидентираните првачиња од ромска националност. Денес, на почеток на октомври запишани се 70% од евидентираните првачиња од ромската националност.

Кампањата се реализира како дел од настаните за подигање на јавна свест во склоп на проектот Баир- Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, финасиран од Европска Комисија, реализиран во партнерство на италијанската невладина организација -COSV, Преда Плус Фондација и Општина Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани