Почина доајенот на битолското новинарство Никола Талевски

Октомври 19, 2021

На 81 годишна возраст, утрово, почина доајенот на битолското новинарство Никола Талевски, догогодишен дописник на Македонската телевизија и сопственик на „Инфо магазин“. Тој беше еден од најплодните битолски новинарски пера кој покрај со новинарско известување, се занимаваше и со хумор и сатира. Во емисиите на Радио Битола беше познат под ликот Ристо Модернисто , со кој беше ангажиран дури и со настапи во естрадата. Како текстописец Талевски се јавуваше и во хумористичното списание „Остен', каде редовно соработуваше се до згаснувањето  на ова гласило. Во „Остен“  и други гласила  се јавуваше и со псевдонимот Битољо. Пишуваше хуморески, афоризми и сатирични текстови за повеќе македонски и југословенски весници.  

Го објави книгите „ Шегалџилница“, „И не мисли на грев“,  „Еротски кажувања“,  „Перење на мозокот“ и последната со афоризми „Ветрокази“. 

Добитник беше на наградата на  Вториот југословенски фестивал за хумор и сатира  во Будва  за скеч на емисијата  „Караван“ на Радио Белград во 1969 година. На Вториот југословенски фестивал во Крушевац  во 1994 година беше награден за афоризам. 

 Талевски не се откажа од новинарството до своите последни денови до кога твореше. 

Опелото е закажано за утре во 10 часот во Св. Димитрија, а  во 12 часот погребот на на Буковските гробишта. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани