АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Целосно асфалтирана една од најдолгите улици во Битола, „Илинденска“. Остана уште во дел да се уредат тротоарите. Улицата е долга 2,1 километар и е една од главните сообраќајни артерии во градот, каде живеат стотици семејства. Реконструкцијата започна на 29 февруари минатата година што значи траеше година и десет месеци. Во овој период се случи и ковид –кризата поради што дел од градежните работи во 2020 година беа одложени за подоцна.
Улицата се реконструираше на делови, а ова е прво целосно преасфалтирање после 40 години, односно откако беше направена. Претходно на неа беа крпени само ударните дупки, а сега променета е и примарната и секундараната канализациона и водоводна мрежа. За ваквите темелни зафати од општинскиот буџет беа издвоени 32,7 милиони денари.