2win800x200

Активности на битолското Здружение на пензионери

Октомври 28, 2021

Два значајни сосотаноци за работата и животот на членовите се одржаа изминатите два дена во Здружението на пензионери во Битола

 

p1

На првиот состанок со претседателката на Сојузот на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, присуствуваа претседатели и претставници на повеќе здруженија од државата. При тоа беше направена анализа за постигањата во спортските игри во Велес, а беше разгледана и информацијата за пензионерските објекти со кои стопанусува ФЗО и други сопственици, при што беше споменато и работењето на хотел Битола каде се сместени одреден број пензионери.

p3

На состанокот на Извршниот одбор на Здружението на пензионери во Битола одржан под претседателство на Даница Петличкова беа разгледани резултатите на анкетарите вклучени во изработка на пензиските социјални карти. Се спомена дека пензионерот Мојсо Велевски на игрите во Велес во трчање на 60 метри го освои првото место, а во следниот пеирод доколку се подобри  состојба со пандемијата, ќе  се одбележи 75 годишнината од формирањето на Сојузот на пензионери на Македонија, а палниарно е да и  се посети родната куќа на Блаже Конески во Небрегово

p4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани