2win800x200

Амбасадорите на Франција и Германија на средба со Коњановски

Ноември 12, 2021

Како дел од комеморативните настани за одбележување на помирувањето и француско – германското зближување, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со амбасадорката на Германија Анке Холштајн и амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер. На средбата, беше нагласено, дека токму ваквите настани на сеќавање и споменување, се насочени кон градење на подобра заедничка иднина. Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер му честита на битолскиот градоначалник Тони Коњановски за изборот и како што рече републиканското однесување кое го покажа.

„Нема поголемо задоволство за еден градоначалник, да го почне својот мандат, со вака висока посета од нашите пријатели од Европа. Укажано ни е исклучително внимание, разговаравме за многу теми и се договоривме за нашата идна соработка. Одбележувајќи го Денот на помирувањето по Првата светска војна, се потсетуваме на историјата на овој вековен град. Битола поминала многу премрежја. Од најважен центар на Балканот, конзулски град, набргу во Првата светска војна доживеал катастрофа и разрушување. Станал град во кој биле фрлени над 13.000 гранати и биле убиени над 4200 цивили. Ова е дел од историјата која не треба да биде заборавена. Набргу Битола повторно се исправи како убавица на Балканот, за денес да сме сведоци на живеењето во новата ера на конзулска Битола“, рече Коњановски, нагласувајќи дека Битола мора да го врати својот сјај во континуирана соработка со своите европски пријатели.

Продолжувањето на идната соработка во оваа насока ќе биде заложба и на двајцата амбасадори. Во овој контекст, амбасадорката на Германија Анке Холштајн, нагласи декa потврда е и една од најголемите германски фабрики, Кромберг и Шуберт, која во општина Битола, беше отворена во 2013 година, а денес брои над 6000 вработени.256595243 3210536095900088 7031219533225947219 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани