2win800x200

Зачувување на ромскиот јазик преку употреба на онлајн речник, проект на битолската Библиотека

Ноември 25, 2021

Од 21 до 23 ноември 2021 година во Атина, Грција се одржа партнерски состанок во рамки  на проектот „ГОРДОСТ 1 – Зачувување на ромскиот јазик преку употреба на онлине речник“

 
На состанокот беа претставници од Грција, Унгарија, Германија,  Романија, Србија и  нашата библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола.
 
На средбата беа презентирани резултатите од спроведените прашалници за потреба од подготовка  на онлајн речник на Ромскиот јазик, како алатка за чување и  примена на јазикот.
 По развиената дискусија и презентирање на одговорите од  истражувањето  во врска со прашањето за потребата на речникот и неговата примена, се поттикнаа различни мислења кои резултираа со потреба од подготовка на сликовен, визуелен речник за најмладите, како и за зборови кои најмногу се користат во секојдневниот живот.  
Од дискусијата произлегоа и низа иницијативи  за следните активности и за наредни проекти.
 
Координатор на проектот е НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.
 
Проектот е во рамки на  програмата  клучна акција 204 – Стратешки  партнерства за образование на возрасни, клучна акција 204– Стратегиски  партнерства за образование на возрасни, финансирана од Европската комисија преку Еразмус + програмата
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани