2win800x200

Институционализирање на квалитетни сервиси за жени жртви на семејно насилство

Ноември 26, 2021

Во рамките на проектот “Институционализирање на квалитетни сервиси за жени жртви на семејно насилство” со поддршка од Националната мрежа против насилство на жените и семејно насилство поддржан од Австриската агенција за развој ( АДА) во реализација на ГО ,,КЛЕА ,во хотел ,,Кристал одржа работилница за презентација на наодите,заклучоците и препораките на жртвите за семејно насилство во Општина Прилеп.

На работната средба присуствуваше Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јочвески и претседателот на Советот, Дејан Проданоски Јочвески . претставници од Центарот за социјални работи, Агенцијата за вработување, претставници од Советот на Општината(членови на КЕМ) и од редот на вработените како и претставници од граѓанскиот сектор.

На средба на која меѓу другото беа презентирани обврските  на Локалната Самоуправа согласно новиот Закон за превенција и заштита на жртвите од семејно насилство присуствуваа и претставници од Центарот за социјални работи, Агенцијата за вработување, претставници од Советот на Општината и од редот на вработените како и претставници од граѓанскиот сектор.

Целта на проектот е идентификување на клучните предизвици, специфичните карактеристики и потреби со кои се соочуваат жените жртви на семејно насилство откако ја донеле одлуката да го напуштат сторителот, но се уште не го сториле тоа, или пак веќе го напуштиле. На работната средба беше истакнато дека преку прибраните податоци ќе се идентификуваат специфичните карактеристики на оваа таргет група и ќе се проценат потребите за институционална помош и поддршка.

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство продолжува интензивно да работи на воспоставување на услуги за реинтеграција на жени жртви на насилство и семејно насилство на локално ниво.

naodi

Наоди од проценката на потребите на жени жртви на насилство и семејно насилство во Прилеп

35% од жртвите во Прилеп не го пријавиле насилството за економските кое го преживеале поради недоверба во институциите.

60% од жените жртви на насилство не поседуваат сопствено живеалиште.

95% од жените кои го напуштиле насилникот живеат во домот на нивните родители или семејства .Оние кои не можат да се сместат кај роднини , не го напуштаат насилникот поради страв од бездомништво и сиромажтија.

Ниту една жена не добила финансиска помош од Општината

85% од жените жртви кои побарале помош во Центарот за социјална работа не биле информирани за можностите за економско јакнење и помош при вработување.

Во Прилеп нема специјализирано советувалиште за помош и поддршка на жени и деца жртви на насилство .

Во Прилеп нема засолниште за заштита на жени жртви од насилство ,ниту можности за безбедно домување на жртвите и нивните деца по напуштање на насилната средина

Жените жртви на семејно насилсво не се препознаени како посебна ранлива категорија во програмате на локалната самоуправа .

 preporaki

Препораки за унапредување на системот на заштита и реинтреграција

Претставниците од локалнта самоуправа да се запознаат со Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство и националниот акциски план за имплементација на Истамбулската конвенција( 2018-2023 ) и да развиваат програми , акциски и оперативни планови и политики согласно одредбите на законот и конвенцијата.

Општина Прилеп да изготви Правилник за финансиска помош наменета финансиски ставки во Буџетотжени жртви на семејно насилсво и да одреди ставки во Буџетот на Општината за таа намена.

Општина Прилеп треба да издвои финансиски средства наменети за поддржано домување на жените жртви на семејноно насилство по напуштање на насилната средина.

Општина Прилеп да субвенционира вработување на жени жртви на семејно насилство на одредено работно време од најмалку 6 месеци во јавните претпријатија.

Општина Прилеп треба да воспостави соработка со општините од пелагонискиот плански регион за заедничко финансирање на специјализирани услуги за жени и деца жртви на насилство. Ове услуги да бидат раководени од локални женски грагански организации

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани