2win800x200

Здружението за македонско-германско пријателство од Битола по повод 25 години постоење со еко работилница за основните училишта

Ноември 27, 2021

Здружението за македонско – германско пријателство и соработка од Битола по повод 25 годишнината од постоењето организира работилница на тема: Umweltbewusstsein/Еколошка свест. Претседателката д-р Валентина Илиева ги поздрави присутните ученици и професори. Во работилницата учествуваа 33 ученици од 4 основни училишта ОУ „Елпида Караманди“, ОУ „Тодор Ангелевски“, ОУ„Коле Канински'' и ОУ „Гоце Делчев“.

Сите ученици истражуваа по менторство на нивните професорки по германски јазик Билјана Митковска, м-р Симона Монавчева, м-р Елена Петков и Елена Милевска. Презентациите на тема еколошка свест, сортирање на отпад, собирање на отпад, горење на отпад, рециклирање, foodsharing ( споделување храна), собирање на пластика итн. При изработка на презентациите професорите по германски јазик и нивните ученици изработија работни листови кои ќе се стават во работна тетратка од која ќе можат да учат и други ученици кои го изучуваат германскиот јазик во основните училишта. Учениците и нивните професори добија соодветна награда од Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола за активното учество во овој проект.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани