2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Кои кеси се наплаќаат, кои се целосно забранети, а кои бесплатни- појаснување од Министерството за животна средина

Декември 02, 2021

ПОЈАСНУВАЊЕ ЗА ЗАБРАНАТА ЗА УПОТРЕБА НА ПЛАСТИЧНИ КЕСИ

 
Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување од 1 декември 2021 година се забранува пуштање на пластични кеси за НОСЕЊЕ НА СТОКИ за еднократна употреба на пазарот во  Македонијa. Дозволено е пуштање на пазарот на територијата на државата само на биоразградливи кеси за носење на стоки што се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост објавени во Правилникот за стандардите за биоразградливост.
 
За кои кеси се однесуваат овие одредби?
 
Пластични кеси за носење на стоки за кои се наплаќа надоместок од 15 денари и се задолжително биоразградливи се кесите што секојдневно се даваат на каса (на местото на продажба) при купување во мини маркети, супермаркети, гранапи, пиљарници, мали продавници за секојдневни намирници, пекарници, киосци, киосци за брза храна, зелени пазари, бензински станици со минимаркети. 
 
Многу лесните пластични кеси за носење на стоки се целосно забранети. Тоа се кесите чијашто дебелина е пониска од 15 микрони (оние кои се користеа за пакување/размерување на овошје и зеленчук на пример). 
 
 Пластични кеси за носење на стоки за кои не се однесува надоместокот од 15 денари и стандардите за биоразградливост се оние кои се даваат на потрошувачите на каса (на местото на продажба) во продавници каде се продаваат стоки што не се за секојдневна општа употреба како книги, облека, обувки, алати, електрична и електронска опрема, продавници за покуќнина, занаетчиски дуќани, за сувенири, уметнички галерии, за козметички производи, аптеки (земјоделски, за медицински помагала и сл.). Овие кеси се препорачува да бидат подебели (над 50) како би можеле да се употребуваат повеќекратно и да се отстранат во контејнерите за пластика (жолт контејнер) од каде би се однеле на рециклажа во локалните компании за рециклирање и кај самите производители на пластични кеси кои повторно од нив би направиле нови кеси.
? Кесите за ѓубре не претставуваат кеси за носење на стоки и не се опфатени со овие мерки.
 
Идејата е во овие почетни мерки да се опфатат субјектите што тргуваат со стока за секојдневна широка и најмасовна потрошувачка, за подоцна да се примени и во останатите места за продажба. 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани