2win800x200

Доделени сертификати на негователките кои ќе се грижат за стари и лица со попреченост

Декември 07, 2021

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска додели сертификати, на негувателите кои успешно ја завршија обуката за обезбедување на соодветна грижа за лицата на кои тоа им е неопходно.

Досегашната подготовка на негувателите, се спроведе како дел од проектот за обука на негуватели за помош на стари лица и лица со попреченост, кој се реализираше во соработка помеѓу Општина Битола и општинската организација на Црвениот крст.

Сертифицираните негуватели ќе бидат опремени и со медицински помагала, апарати за мерење шеќер, притисок, прва помош, со што ќе можат да одговорат на потребите на лицата кои се соочуваат со одредени потешкотии, да придонесат за подобрување на состојбата, но и да ја намалат нивната потреба од често посетување на здравствените институции или Центарот за социјална работа.

Согласно детектираните потреби на граѓаните, во соработка помеѓу Општина Битола и општинската организација на Црвен крст, како дел од Програмата за социјална заштита на општината, идната година предвидено е да се реализира обука за лична асистенција на лицата со попреченост.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани