АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владата на денешната седница донесе одлука да ги замрзне цените и на оризот, јајцата и тестенините на нивото од 1 декември, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.
„На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на мало и на големо. Листата се проширува со три нови основни прехранбени производи ориз, јајца и тестенини и има за цел да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението“, објави Бектеши.
Претходно, на 4 декември, Владата донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, како леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда.
Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година. Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.