2win800x200

Ѓубре "плови" по реката Драгор

Мај 01, 2018

Реката Драгор во Битола  е место каде некои граѓани често ја покажуваат својата ниска еколошка свест, негрижа за животната средина и недостиг на елементарна култура.

И денеска  на ФБ групата Битола сака чист воздух, битолчанец објави фотографии на кои се гледа ѓубриште во водите на реката по течението кај кружниот тек на Црн мост. 
FB IMG 1525191551841
Револтирани граѓани коментираат дека ова е срам за Битола, прашуваат дали ова му доликува на конзулски град, како што милуваме да го нарекуваме.

Во Драгор често се фрла ѓубре, а често може да се видат разни предмети, па дури и покуќнина од која се ослободуваат граѓаните. Се случувало, исто така,  водата да биде обоена од разни хемикалии од некои фабрики.
 
Барем досега јавно не се кажало дека откриен е и казнет некој загадувач на водите на реката Драгор.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани