2win800x200

Учебната година нема да заврши порано поради омикрон

Декември 20, 2021

Учебната година за учениците во основно и средно образиование ќе трае како што е предвидено,  а распустот ќе почне на Нова година.

– Сериозен систем и сериозни институции пристапуваат кон проблематиката најодговорно. Уште на почетокот н учебната година разработивме три сценарија, од кои она со физичко присуство се спроведува со спроведување на сите епидемиолошки мерки – рече министерката за образование Мила Царовска.

Според неа, нема основ учебната година да се прекине порано, односно една недела порано децата да се распуштат.

– Министерството за здравство направи скрининг кој покажа дека Ковид-19 не е раширен меѓу учениците – рече Царовска.

Таа рече дека бројот на заразени ученици никогаш не надмина 0,3 проценти од вкупниот број ученици.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани