АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 73 годишна возраст ненадејно почина историчарот Владо Темелковски-Лавчан. Беше професор по историја во двете битолски гимназии, а потоа и историчар во Завод и Музеј Битола. Важеше и за хроничар на Битола, а на социјалните мрежи до последно објавуваше информации и фотографии од минатото на градот. Опелото ќе се одржи утре во црквата „Св. Димитрија“, а погребот во 13 часот на Буковските гробишта.