2win800x200

Бисера Стојчевска потпретседател на СДСМ?

Декември 24, 2021

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, која јавноста ја запамети по што прва гласаше во скафандер како позитивна од ковид во Собранието и Нина Фити актуелниот член на ИО,  градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и актуелниот потпретседател и вицепремиер  Фатмир Битиќи - неофицијално овој состав според високи партиски извори на СДСМ се очекува Димитар Ковачевски да го презентира в понеделник пред ЦО како негови нови потпретседатели, пренесува 24 вести .

Во однос на секретарите нема изненадувања, Миле Зечевиќ генерален секретар, Бојан Маричиќ секретар за меѓународна соработка, а за нов организациски секретар Зечевиќ мора да пресече меѓу двајца кандидати. ТВ 24 контактираше со дел од имињата кои се изненадување, меѓутоа сите велат дека се ќе се знае в понеделник, но никој не демантира отсечно. 

Ковачевски освен најтесното раководство ќе го избере и Извршниот одбор, во кој се очекуваат изненадувања. ТВ 24 вчера објави дека во новиот ИО ќе има место за дел од поранешните високи партсики функционери, но ќе останат и дел од актуелните.

Во ИО според информациите на ТВ 24 Ковачевски планира и тело кое како што брифираат за ТВ 24 ќе ги промовира социјалдемократските политики, во кое би учествувале и универзитетски професори. По изборот за претседател самиот Ковачевски најави дека новото раководство ќе биде обид за обединување на партијата и крилата во СДСМ. 

Ковачевски парарлелно ги прави и контурите на Владата. Од ЦО ќе добие поддршка да ја предводи и новата Влада. 

Повеќе на линкот https://www.24.mk/details/kovachevski-so-iznenaduvanje-vo-rakovodstvoto-neoficijalno-kostadinovska-stojchevska-fiti-kostadinov-i-bitikji-novi-potpretsedateli

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани