АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Офицерскиот дом во Битола во рамките на манифестацијата "Зимска приказна" беше отворена фото изложбата "Фолклорни мотиви" на авторот Петар Ставрев, во организација на Општина Битола. Изложени се стотина фотографии направени во период од 20 години од страна на Ставрев на културни манифестации што во тој период се одржале од Галичка свадба, Илинденски денови, настапи на фолклорни друштва и друго. Воведен збор зедoa директорката на установата "Инфотурист", Сандра Котевска и Никола Димитровски - претставник на CIOFF. Ова е уште една од бројните изложби на битолскиот фотограф и новинар Ставрев.