АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Клучните области, во кои сакаме да ги зголемиме инвестициите, а со тоа и да реализираме повеќе проекти се однесуваат на економскиот развој, патната инфраструктура, животната средина, урбанизмот, спортот и младите, културата, едноставно преку подобри услуги за граѓаните, да живееме и да функционираме во општина, каде ќе има среќни и задоволни граѓани, рече градоначалникот Тони Коњановски на денешната седница на Совет на чии дневен ред беше Буџетото за 2022 година.
-Вкупниот буџет на Општина Битола за 2022 година ќе изнесува 2.077.877.957,00 денари, а висината на вкупниот износ во основниот буџет на Општина Битола ќе изнесува 1.013.147.288,00 денари.
Со овој буџет, воведуваме измени во повеќе програми, односно во области за кои во изминатиот период локалната самоуправа, неможела да се пофали со висок процент на реализација.
Така, она што и како советници во минатиот општински совет можевме да го видиме беше слабата реализација на програмата за економски развој. За 2022 година, со оваа програма предвидени се 48.128.224,00 денари, со кои ќе се изготвува проектна документација за улици кои досега воопшто не биле планирани, како во урбаниот, така и во руралниот дел. Покрај проектна документација за улична мрежа, преку оваа програма ќе делуваме кон подобрување на состојбите во училишните објекти, подготовка на проектна документација за изградба на вело патека за село Дихово – село Братиндол, како и уредување на зелени површини со урбана опрема и хортикултура. Со јавната објава на програмите, граѓаните ќе можат да ги видат сите проекти за кои во 2022 година, треба да ја изготвиме проектната документација, а потоа пред вас да ја презентираме реализацијата, рече Коњановски.
Годинава што изминува во буџетот предвиден за реализација на програмата за животна срединабиле предвидени 3.700.000,00, а за 2022 година, буџетот за оваа програма е значително зголемен и изнесува 9.500.000,00 .
Во програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови, во 2021 година биле предвидени 5.800.000,00, а за идната година кога е предвидено да отпочне изработката на Генералниот урбанистички план, предвидени се 10.200.000,00 денари.
Во програмата за туризам за разлика од минатата година кога биле предвидени 500 000 денари, за оваа година предвидени се 1 милион денари
Во програмите на комуналното одделение, каде се вклучени средства за улично осветлување, уредување на градежно земјиште, одржување и развојна програма, за 2022 година планирани се вкупно 607.615.546 денари, за разлика од 2021 кога биле планирани 731.451.838 денари.
-Но, разликата кај оваа програма се јавува пред се, поради тоа што, во годината која изминува, планирањето во буџетот се вршеше со измените во законот за буџети, односно за 50% повеќе од остварените приходи во изминатите 3 години, наместо сегашните 30%. Исто така 2021 година, општината ја започнала со пренесен вишок на приходи од 350 милиони денари, а 2022 година ќе ја започнеме со пренесен вишок на приходи од 260 милиони денари. Согласно тоа, особено важна кај овие програми ќе биде рализацијата, која ќе ја видиме со завршната сметка и четвртиот квартал, рече Коњановски.
За првпат за дигитализација на дел од услугите во општината, планирани се 4.000.000 денари.
Во буџетот се планирани:
- Ќе се изврши изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици
- Изградба и уредување на нов парк во Нова Битола
- Реконструкција на планинарскиот дом Копанки
- Изработка на документација за поголем број улици во руралниот и урбаниот дел на градот
- Изработка на документација за изградба на противпожарна зграда и спортски комплекс во АРМ
- Реализација на 89 проекти од програмата за економски развој
- Изработка на Генерален урбанистички план
- Реализација на 9 проекти од програмата за животна средина
- Реализација на 21 проект од програмата за спорт и млади
- Спроведување на 43 проекти од програмата за спорт и млади
- Реализација на програмите за туризам, еднакви можности, социјална заштита, култура, поддршка на талентирани ученици и културни уметници
.