2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Општина Битола со деменат за пресот на СДСМ во врска со возилата

Декември 30, 2021

Општина Битола, во целост ги демантира денешните тврдења изнесени на прес конференцијата на СДС во врска со набаваката на возилата. Во демантот стои:

Општина Битола располага со застарен возен парк и возила кои се во лоша состојба, поради што во последните две години често се случувало општинските возила од службен пат до другите градови низ државата, да се враќаат во Битола со шлеп служба. Тоа значат дополнителни трошоци, незавршување на работните обврски и изложување на животна опасност на вработените во општината.

Токму од тие причини, во буџетот за 2022 година предвидовме 3.000.000 денари за набавка на 3 нови возила, со кои ќе се избегнат досегашните трошоци и ризици, а обврските каде е потребно патување во друг град или општина навремено ќе се завршуваат. Оттука, комплетна лага е денешната дезинформација изнесена од Петар Николовски од СДСМ, дека општината во буџетот за следната година предвидела 13.000.000 денари за возила за општинската администрација.

Николовски во неоснованите обвинувања изнесува и дека општината располага со 7 нови возила, со што повторно врши дезинформирање на јавноста, покажувајќи големо непознавање на функционирањето на локалната самоуправа во претходниот мандат.

Имено, со одлука на Совет, претходната локална самоуправа четирите нови возила ги  отстапила на новооснованото меѓуопштинско јавно претпријатие ПЕЛАЛИНК, кое за жал сеуште не е функционално. Одлуките на Советот се јавно објавени во Службените гласници на Општина Битола.

Петтото возило кое го добила Општина Битола е наменето за лица со посебни потреби, а двете возила, набавени преку проектот Green Inter-e mobility согласно проектната документација наменети се за потребите на спортистите во општината, за лицата со посебни потреби и за организирање на туристички тури, пишува во демантот. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани