2win800x200

Општина Битола со финансиска поддршка за здруженијата за превенција од карцином и заштита на пациентите соочени со оваа болест

Февруари 04, 2022

Општина Битола, информира  имајќи предвид дека бројот на заболени лица од карцином во Битола не e мал, во рамките на програмата за социјална заштита, веќе обезбедува финансиска поддршка за здруженија кои работат на оваа проблематика во делот на социјална и здравствена заштита, како и за лица кои се соочуваат со ова заболување. Во насока на синхронизиран пристап и зголемено делување на локалната самоуправа во заштитата на овие граѓани, општината има постојана соработка и со невладиниот сектор кој го третира ова прашање, во реализација на едукативни и превентивни активности, но и во поддршка на иницијативи за подобрување на состојбата на пациентите.

На денешниот светки ден за борба против карциномот, Градоначалникот Тони Коњановски, Претседателот на Советот, Габриела Илиевска и советникот Михајло Вангелов, имаа работна средба со претседателот на организацијата Хепар центар, Милан Мишковиќ. На состанокот, се разговараше за активностите кои ги презема организацијата, особено во делот на прашањето поврзано со црнодробниот карцином, но и во насока на поголема заштита на пациентите со карцином на локално ниво.

Како заклучок на средбата, беше констатирано дека во понатамошниот период во рамките на Комисијата за финансии и буџет, со цел поголема заштита и помош на пациентите со карцином, потребно е да се утврдат дополнителни критериуми, според кои соодветната помош, ќе ја добиваат граѓаните на кои им е најнеопходна, зависно од состојбата во која се наоѓаат, но и нивниот социјалниот статус.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани